Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Ферати – Рокас: Соработка со ЕУ за рамномерен развој и посилни институции

Унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу заедниците како еден од основните столбови за градење демократско и одржливо општество беа тема на разговор на денешната средба меѓу министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.

Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во одлучувачките процеси и создавањето еднакви можности за сите граѓани, како основа за градење инклузивно општество.

Министерот Ферати и амбасадорот Рокас разговараа и за зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за односи меѓу заедниците, со цел зголемување на ефикасноста во изготвувањето и спроведувањето на политиките што придонесуваат за социјална кохезија.

Реклама

Двајцата соговорници ја поздравија континуираната поддршка на Европската Унија за проекти што придонесуваат за рамномерен развој на регионите и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Министерот Ферати изрази благодарност за партнерството со Европската Унија, нагласувајќи ја подготвеноста за продлабочување на соработката во иницијативи што го зајакнуваат соживотот, институционалниот развој и европската перспектива на земјата.