Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Стотина луѓе, наместо масовен протест на плоштадот во Тетотво. ДУИ заплашуваше со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стотина луѓе, наместо масовен протест на плоштадот во Тетотво. ДУИ заплашуваше со масовност, но во центарот на градот фотографиите и симките достапни на социјалните мрежи, покажуваат дека поддршката на некогашната владејачка партија од албанската заедница во Македонија веќе ја нема. А протестот беше заради одлуката на Уставниот суд да ги укине  преименуваните имиња на улиците и инфраструктурните објекти, донесена уште пред речиси 20 години.  Учесниците залепија пораки со политичка содржина на стаклата на општинската зграда, и оставија транспаренти пред влезот.

Луѓево имаат голем револт за одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката од 2006 година и секако дека ние поднесовме предлог до Општина Тетово за да го решиме овој проблем. -изјави Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.

За познавачите на состојбите во политичкиот блок од албанската заедница, ова е само уште еден доказ дека интегративците го изгубија интегритетот.

Реклама

Самата ДУИ протестира пред една институција која нема донесено таква одлука туку Уставниот суд има донесено одлука дека промената на улиците во Тетово е спротивна на Уставот. Тие најверојатно се плашеа да протестираат пред Уставниот суд имајќи предвид дека во минатото кога протестираа за албанскиот јазик пред Уставниот суд, нивните приврзаници завршија на црната листа на САД. – смета Љуљзим Фаризи, аналитичар.

Ова е втор протест зад коj стои ДУИ за еден месец за истата одлука од Уставен. Пред овие два ДУИ организираше и протест во Скопје, тврдејќи дека  дошле да ги поддржат студентите од албанската заедница, меѓу кои имаше и дојдени од Косово и Албанија. Имаше и инциденти и провокации, а се вееја албански знамиња и се скандираше УЧК.