Реклама

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Македонија

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска, на прес-конференција соопшти дека Владата донела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска, на прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годината.

– По одреден застој, се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се доцнеше со спроведувањето на одлуката. Се вработија 300 специјализанти, а 300 останаа надвор од проектот. На вчерашната седница на Владата се донесе одлука повторно да се отвори процесот и тие 300 специјализанти што не беа вработени да се вработат до крајот на 2026 година – рече Клековски.

Тој појасни дека со оглед на тоа што од изразувањето интерес поминал веќе одреден период, Министерството за здравство планира да го обнови повикот за изразување интерес бидејќи според нивна информација веќе 30-ина од тие 300 специјализанти се вработени по редовен пат.

Реклама

– Сакаме да видиме кој е интересот на специјализантите. Апсолутен приоритет ќе бидат општите и клиничките болници надвор од Скопје и секако специјализациите во профили во кои имаме дефицит. Со тоа планираме да ја заокружиме оваа активност и значително да ја подобриме состојбата со достапност на специјалисти во јавното здравство – додаде Клековски.