Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било

Со развојот на вештачката интелигенција и дигиталните плаќања, криминалот целосно ги брише…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со развојот на вештачката интелигенција и дигиталните плаќања, криминалот целосно ги брише границите и се трансформира во транснационална операција, затоа, глобалната соработка меѓу полициските агенции е клучна и поважна од кога било, порача генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза.

Во гостување на една од националните телевизии, Уркиза нагласи дека големината на една држава не е клучен елемент, туку нејзиниот потенцијал да придонесе во глобалните активности за спроведување на законот. Тој посочи дека во моментов двајца функционери од Северна Македонија работат во седиштето на Интерпол, од кои едниот ја предводи целата глобална програма за бегалци, барани и исчезнати лица.

– Полициските сили на Северна Македонија се активен член на нашата организација и ние имаме голема корист од ова партнерство. Успеавме да ги вклучиме локалните агенции во неколку оперативни активности кои се движат од борба против трговија со дрога, па сè до трговија со луѓе и оружје. Исто така, лани во ноември потпишавме договор со кој Полициската академија тука се вклучи во нашата глобална мрежа, што значи дека и полициски службеници од други земји можат да учат од македонската експертиза – посочи Уркиза.

Реклама

Македонската полиција, додаде, има клучен преглед врз информациите за заканите и криминалните мрежи што транзитираат низ Западна Балкан, регион чии криминални групи, според Уркиза, веќе не дејствуваат изолирано туку се целосно интегрирани и глобализирани.

Според генералниот секретар на Интерпол, најголемите безбедносни закани денес доаѓаат од технологијата и развојот на сајбер-криминалот, како и од глобалниот раст на трговијата со дрога. 

– Вештачката интелигенција навистина го трансформира начинот на кој се врши криминалот. Но, таа станува и наш сојузник. Иако не со исто темпо како криминалците, агенциите за спроведување на законот веќе усвојуваат АИ решенија кои ни помагаат да обработиме огромен волумен на податоци и да спречиме злосторства што претходно, со мануелна работа, беа невозможни – вели првиот човек на Интерпол, посочувајќи дека ова бара и промена на профилот на полициски службеници кои се регрутираат.

Уркиза илустрираше дека организацијата служи како централен центар за податоци кој минатата година содржел над 150 милиони криминални досиеја, проверени од земјите-членки повеќе од девет милијарди пати. Кога македонските власти, вели, ќе внесат баран криминалец во базата, тој автоматски се проверува на граничните контроли и списоците на патници ширум светот.