Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија на МВР во Идризово оцени дека Северна Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата.

Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за подготовка на идните полициски службеници.

– Континуираното образование и обука ќе имаат клучна улога во вашата иднина како полициски службеници. Криминалот станува сè покомплексен, а начинот на кој полицијата се обучува и учи ќе мора да се развива во согласност со новите закани. Технологијата постојано напредува создавајќи нови можности за криминалците во споредба со времето кога јас ја почнав мојата полициска кариера – рече Уркиза.

Реклама
null

Тој посочи дека криминалот станува сè покомплексен поради технолошкиот напредок и растечката меѓународна димензија на криминалните активности поради што е неопходна силна меѓународна соработка.

– Ќе се соочувате со разни јазици, разни правни системи и разни начини на работа. Убеден сум дека во тие околности ќе го препознаете Интерпол како подготвен и доверлив партнер во вашата борба. Од соработката што ја видов на вашата граница со Албанија, како и од заедничките активности со српските власти, гледам дека Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка. Токму тоа го прави Интерпол сè поважен во современата борба против организираниот криминал – посочи Уркиза.

Тој потсети дека од ноември 2025 година Центарот за обука на МВР е дел од глобалната академска мрежа на Интерпол и го поздрави учеството на земјата во меѓународните операции против трговијата со луѓе и нелегалната трговија со оружје.

Обраќајќи им се на кадетите, тој порача дека полициската професија бара посветеност, но носи и чувство на исполнетост.

– Предизвиците се реални, но реални се и наградите. Можноста да направите вистинска разлика во животите на луѓето е она што ја прави оваа професија навистина посебна и вредна за секоја жртва што ја носи – истакна генералниот секретар на Интерпол.