Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Уреднички коментар: Обидите за етикетирање на Алфа се само обиди за замолкнување на слободните медиуми.

Вицепремиерот Битиќи и премиерот Ковачевски немаат намера да се извинат за нивните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот Битиќи и премиерот Ковачевски немаат намера да се извинат за нивните несмасни обиди да не обвинат за ширење наводна албанофобија, ксенофобија па дури и модерен фашизам преку клевети и навреди, нешто што претставува очигледен говор на омраза од страна на највисоките претставници на власта.

Кога не ти чини одговорот, удри по прашањето и обивини го тој што го поставува. Главна улога на новинарите во едно вистинско демократско општество е токму да поставуваат прашања кои се во интерес на јавноста, а должност е на функционерите да одговараат. Но, во земја во која владее хибриден режим, овие демократски норми не постојат. Тогаш медиумите треба да молчат, а по оние што ќе одбијат да молчат се фрла со дрва и со камења.

Само затоа што наш новинар постави незгодно прашање кое се однесува на улогата на вечната ДУИ и нивните тајни планови, како заедно со СДСМ да си го поправат угледот кој е во вртоглав пад. И тука го погодивме нервот, во светот на Ковачевски, една обична политичка партија, во случајов ДУИ, стана репрезент на сите Албанци. Секоја критика кон Интегративците, кон Ахмети, кон Груби, кон Османи, или било кој нивни министер, власта ја преставува како удар кон сите Албанци. Во овој изобличен свет на премиерот и неговата сива еминенција Ахмети, прашања може да се поставуваат само за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтерантива, но никако за ДУИ.

Реклама

Јавно прашуваме: од кога критикувањето на ДУИ е критикување на сите Албанци? Од кога ДУИ стана единствен репрезент на целиот Алабански народ, посебно на делот што живее во Македонија? Одговорот е едноставен – не се.

Обидите за етикетирање и дискредитирање се само обди за замолкнување на слободните медиуми. И покрај сите притисоци Телевизија Алфа нема да се откаже од новинарскиот морал и етика, од професионализмот и пред се од борбата за Македонија како пристојно место за живеење на сите нејзини граѓани – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, нели и Бугари, значи без оглед на нивната верска, етничка или каква било било припадност.

Како ќе продолжиме? Како што му суфлираше Ахмети на Ковачевски, како до сега!