Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Тутунарите бараат премиерот Ковачевски лично да се заземе за нив, во спротивно, со блокади ќе ја парализираат цела држава

На само еден месец пред почетокот на откупот на тутунот, тутунарите гневни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На само еден месец пред почетокот на откупот на тутунот, тутунарите гневни на досегашниот игнорантски однос од надлежните институции околу молкот за откупните цени. Овој пат тие бараат помош од премиерот Ковачевски, кој, како што велат во писмената реакција,  презентирајќи го сетот мерки за најранливите категории, не ги ни спомнал земјоделците, а особено не тутунарите.

„Господине Ковачевски – имате доволно време пред почетокот на откупот на тутун во државата за оваа реколта за да реагирате на време и да изнајдете начин за покачување на цените по класи. Од вас зависи дали ќе застанете зад интересот на 100.000 граѓани производители на тутун, или зад интересите и екстра профитот на поединци. Затоа предупредуваме на време за решение, за да не се доведеме во ситуација  тутунарите да излезат со блокади на патиштата барајќи парче леб, а наместо решение да бидат етикетирани и обвинувани за политика“, – стои во писмената реакција на Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

Дека државата целосно ги маргинализира земјоделците, особено во услови на висока двоцифрена инфлација, континуирано реагираат и од другите земјоделски асоцијации.

Реклама

„Аграрна стратегија за земјоделието не мисли државата да прави, барем еве, се’ до ден – денес нема направено…Ние земјоделците, последниве 4-5 години работиме со загуба. Откупната цена е повисока од производната“, – вели Тони Ангелески, земјоделец.

Доколку и премиерот Ковачевски се оглуши на овие последни земјоделски барања, земјоделците се закануваат со блокади кои ќе ја парализираат целата држава, бидејќи, велат дека немаат што повеќе да изгубат.

Каролина Дурло