Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Тутунарите бараат годинашната просечна откупна цена да биде околу 10 евра за килограм

„Ако оди вака, еве гледате што се случува, можете слободно низ цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • „Ако оди вака, еве гледате што се случува, можете слободно низ цел Прилеп да поминете и да видите каква е ситуацијата со скелињата, а по селата ако одиме, по руралните места е уште полоша ситуацијата. Значи, не само скелиња што има растурено, туку и куќите почнаа да се распаѓаат“.

Ова е ставот на претседателот на Управниот одбор на Националната земјоделска мрежа, Диме Димитријески пред стартот на годинашната откупна кампања на тутунот. Според него, освен што тутунопроизводството одамна е загрижувачки намалено, годинава и инфлацијата ги дотолчила. Затоа, тутунарите бараат актуелната просечна откупна цена да се корегира со анекс и да достигне најмалку 500- 600 денари за килограм тутун.

  • „Ние сме сведоци во изминатиов период дека инфлацијата и производствените трошоци се некаде околу 40-50 проценти зголемени. Значи, реално некаде околу 350 – 400 денари имаме само производствени трошоци. Нема едноставно заработувачка, излегува дека работиме за 30 ден. од час, значи што е смешно“, појаснува Димитријески.

Инаку, годинашниот род на тутунот од планираните 26 милиони килограми, реално се очекува да тежи едвај 12 милиони килограми. А тука сериозен загрижувачки удел има и се’ позагрижувачкато иселување, вели Диметријески и додава дека во селата веќе нема ни кој да работи.

  • „Имаме цели региони каде што нема ниту првачиња, до тој степен е дојдено иселувањето што еве, на пример, во с. Алинци имаме само едно прваче. Значи таа е средина каде што 95 насто од луѓето се занимава со земјоделие. Значи, едноставно имаме масовно иселување на младата популација и целосно намалување на површините под тутун“, – посочува Димитријески.

Од Националната земјоделска мрежа алармираат дека ако државата и понатаму продолжи да се однесува ноншалантно не само кон тутунопроизводството, туку и воопшто кон земјоделието, на Македонија црно и’ се пишува, бидејќи велат, ќе имаме пусти ниви и енормно скапа храна.

Реклама

Kаролина Дурло