Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Три тропски болести за две недели-потврдени случаи на Денга вирус, Маларија и Западно нилска треска

Три тропски  вируси за само неполни две недели во Македонија. Денга вирус,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три тропски  вируси за само неполни две недели во Македонија. Денга вирус, Западно нилска треска и Маларија беа потврдени кај неколкумина пациенти на Инфективнта клиника. Иако дел од случаите се увезени , здравствените власти предупредуваат дека треба да бидеме внимателни особено за западно нилската треска која ја пренесуваат и некои од комарците кои се присутни на нашето поднебје. Двајцата пациенти кај кои е утврден овој вирус се во добра здравствена состојба.

-Се работи за две различни заболувања кои се пренесуваат од различни комарци. Додека за првото заболување маларијата може да кажеме дека е увезено 1.10  за западно нилската треска може да кажеме дека е сезонско вирусно заболување кое се јавува во летниот период и кое може да е увезено но во последниот период  може да биде и автохтоноистакна директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана.

И пациентот кај кој беше утвредна маларија во последните 24 часа, а кој патувал во Занзибар е во добра здравствена состојба.

Реклама

Но Др.Цана посочува дека пред два месеци имале многу тежок случај на маларија кај млад човек кој многу доцна побарал помош, па морале да го интубираат, но за среќа се завршило добро.  Апелираат сите кои патуваат во тропските и субтропските краеви  доколку пројават симптоми веднаш да се јават на лекар.

-Ако имаат висока температура , треска, главоболка, малаксалост веднаш да се јават на матичен лекар за да може да се диференцира дали станува збор  за некои од овие заболувања или се работи за некоја банална сезонска инфекцијаистакна директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана.

Итната реакција е важна за да се спречат невролошки компликации,   кои ако не се третираат навреме може да имаат и смртен  исход. Препораките за спас од комарците особено во вечерните часови,  е да се носи облека со долги ракави и да се користат заштитни средства против комарци. Особено да се внимава на оние места каде што се забележуваат поголем број на комарци каде има застоени води.