Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Три години во НАТО– Македонија доби, но и даде многу за да биде дел од алијансата

Пред три години Македонија стана членка на НАТО, нешто што е стратешки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред три години Македонија стана членка на НАТО, нешто што е стратешки план на државата години наназад, и резултат од работата на сите влади од осамостојувањето, но што Македонија доби, а што изгуби за да стане дел од семејството на безбедносната алијанса. Дел од аналитичарите велат дека е голем чекор напред за државата што зад нас стои НАТО, но она со кое тие не се согласуваат е тајмингот на зачленувањето и начинот на кој се донесе таа одлука.

Аналитичарот Клековски за Алфа вели, добивме безбедност, ама и корупција.

Toa што Македонија го доби е зголемена безбедност, еве гледаме кај многу посилни држави од нас, како Шведска и Финска аплицираат за членство во НАТО, значи сме членка на најголемата воено-политичка коалиција. Иако морам да кажам ние имплицитно некако имавме чувство на безбедност бидејќи бевме опкружени со земји членки на НАТО, како Бугарија, Грција и Албанија. Тоа што изгубивме, го изгубивме достоинството, изгубивме владеење на правото бидејќи членството беше постигнато со уцени и закани во Собранието, а не со консензус кој секако постои за членство во НАТО. Ми се чини дека тоа што се укажуваше дека членството во НАТО ќе доведе до забрзан економски развој, не се случува, вели Клековски за Алфа.

Реклама

Поранешниот амбасадор Донев, за прашањето што добивме, а што изгубивме вели дека е прашање од милион долари, посочува многу сме добиле, ама заради начинот на кој станавме членка, Македонија многу и изгубила, особено на национален план. Вели фрагментирано е националното ткиво, баш заради Преспанскиот договор кој не внесе во НАТО. Донев посочува не можеме сега во овој момент ни една спортска победа да прославиме како што треба, ако победиме одма се караме, северџани, македонци итн. 

Од друга стана НАТО не може нас да не брани од внатрешни проблеми, од сајбер напади кои ги имавме во фондот за здравство, школите..Тоа се наши домашни задачи кои треба да ги исполниме и она што е трето за мене многу важно ние не требаше да брзаме, јас бев за членство во НАТО ама не со промена на името и да не брзаме зошто ние немаме пари како приоритет да ги вложиме во одбраната. Сега имаме ситуација кога министерот заговара до 2 % од бруто домашниот производ да иде во НАТО, а од друга страна вие немате учебници во осноните и средните училишта, вели Донев.

Членството во НАТО, и се уште неисполнетото, членство во ЕУ се стратешка цел на државава, во Алијансата влеговме со сменет Устав и сменето име , дали во европското семејство ќе влеземе повторно со сменет Устав и нови уцени, е прашање на кое треба да одговорат челниците на владата и македонската дипломатија.

Мери Симоновска