Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Трето издание на „Разговори за еднаквост” со фокус на родово заснованата дискриминација на работното место

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и проектот „Поддршка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската унија денеска го организираат третото издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ на тема „Родово заснована дискриминација на работното место“.

На отворањето на настанот ќе се обратат Душан Томшиќ, претседател на КСЗД, претставник од Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија и Барбара Лигл, раководителка на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Како што информираат од КСЗД, преку низа тематски панели со учество на домашни и меѓународни експерти, претставници на институции, граѓански организации и истражувачки центри, настанот ќе отвори дискусија за клучните предизвици и можните решенија поврзани со родово-заснованата дискриминација на работно место, сексуалното вознемирување на работното место, и еднаквата плата за еднаква работа.

Реклама

Настанот, како што посочуваат, има цел да поттикне конструктивен дијалог, размена на искуства и унапредување на политиките и практиките за обезбедување еднакви можности и заштита од дискриминација во работните односи.