Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Трета среќа за „Бехтел и Енка“ – Груби денеска повторно организира манифестација за почеток на автопатите

Една машина, една ископана дупка, 10-тина работници на терен  – вака изгледаше…

Сподели:

Една машина, една ископана дупка, 10-тина работници на терен  – вака изгледаше третото одбележување за старт на градежните работи на Коридорите 8 и 10 д, второ на автопатот Тетово – Гостивар  

Повторно главните актери во проектот, на чело со Артан Груби кренаа фама овој пат поскромно, без посебна сценографија и специјални маички  ама ниту денеска не стартуваа градежни работи .

Груби , Рустеми и Бочварски  всушност ги собраа новинарите за да снимаат испитување на земјиште. Работниците ископаа една дупка, се зеде малку земја од теренот која треба да се носи на испитување на градежниот факултет.  Плановите се прво да стартува изградбата на страничниот алтернативен пат кој ќе се користи додека се гради  новиот автопат Тетово – Гостивар. Кога тоа ќе се случи точно не беше прецизирано, очекувањата се кон крајот на јули .

Реклама

Јас одговорно ви тврдам дека од денеска имаме механизација на терен бидејќи имаме нов концепт на градба на патиштата бидејќи тој стариот концепт што беше до сега ние сите сме сведоци колку траат нашите проекти за изградба на патиштата. Како пример ни е кичево-охрид. Значи 10 години не можеме да го завршиме патот што има 57 километри. Затоа ние како јавно претпријатие, министерството за транспорт и врски, владата одлучивме да менуваме концепт, рече Рустеми.

Според она што неофицијално ни го кажаа работниците тие веќе можат да остануваат и после работното време кое им завршува во 17 часот, затоа што сега законот тоа го дозволува. Првиот вицепремиер пак тврдеше дека законите нема да паднат на Уставен зашто никаде не ја пишувало бројката од 60- часа работна недела . Договорот кој го чешла антикорупциска и за кој антикорупционерите отворија сомнеж дека има политичка корупција не бил целосно доставен до комисијата зашто Бехтел и Енка така сакале .

Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување. Целосната верзија од договороте доставена само со Јавното обвинителство“, изјави Груби.

Геодетехнички мерења како денешното треба да има на секој 100 метри од Гостивар до Струга. Останува да видиме, дали и наредниот ископ, Владата ќе го именува како старт на градежните работи и уште еднаш ќе каже дека дошол „ големиот ден “ .

Инаку, Бехтел и Енка веќе добија 117 милиони евра .

Кристина Алексиеска