Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ТППЕ Куманово доби противпожарно возило, донација од аеродромот во Инсбрук, Австрија

Општина Куманово доби ново противпожарно возило со капацитет од девет илјади (9.000)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово доби ново противпожарно возило со капацитет од девет илјади (9.000) литри вода, донација од аеродромот во Инсбрук, Австрија, обезбедена преку долгогодишната соработка помеѓу Општина Куманово и покраината Тирол, соопшти денеска градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Со донацијата, Територијалната противпожарна единица Куманово го доби седмото противпожарно возило, со што надлежните очекуваат да се зајакнат капацитетите на единицата.

-При примопредавањето, командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, се сретна со покраинската министерка за цивилна заштита и заштита при катастрофи, Астрид Маир, како и со раководството на аеродромот во Инсбрук и командирот на противпожарната бригада на аеродромот, соопшти Димитриевски.

Реклама

Во објавата, тој наведува дека претставниците на ТППЕ Куманово во Австрија поминале петдневна обука за користење на возилото и се запознале со функционирањето на доброволните противпожарни друштва во Австрија и Хрватска.

-Искрена благодарност до сите партнери за поддршката и придонесот во унапредувањето на противпожарната заштита во Куманово-наведува Димитриевски.

Неодамна, од општината информираа дека е почната изградбата на гаражи за противпожарни возила во три села во Куманово. Општината преку потпишаниот Меморандум за соработка со противпожарната единица од Тирол, Австрија има обврска да изградба гаражи и да формира доброволни пожарникарски друштва во руралните средини. Куманово доби шест противпожарни возила и претставува значаен чекор во јакнењето на капацитетите на територијалната противпожарна единица Куманово.