Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар

Општина Гостивар ќе биде должна да соработува во целокупниот процес за нормализирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Гостивар ќе биде должна да соработува во целокупниот процес за нормализирање на состојбата, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на новинарско прашање околу соработката со локалните власти и дали ќе има проширување на истрагата за одговорноста на други лица за загадувањето на водата во Гостивар. 

– Факт е дека заклучно со денес, целиот овој хаос е одговорност на Општина Гостивар и на органите во рамки на општината. Поради нивна неможност, државата денес донесе одлука да се вклучи и да го расчисти овој хаос максимално брзо. Органите во состав на Општина Гостивар се должни максимално да се вклучат во процесот. На состанокот којшто е закажан во 17:00 часот во рамки на ОВР Гостивар ќе бидат повикани сите надлежни кои можат да помогнат, изјави Тошковски.

Тој потврди дека со гостиварскиот градоначалник е извршен разговор во насока на утврдување на фактичката состојба.

Реклама

– Ќе постапуваме во соработка со Јавното обвинителство за секој следен чекор, како од аспект на одговорност согласно Кривичниот законик, така и од аспект на ставање во нормална функција на водоснабдувачкиот систем, потенцира министерот Тоошковски. 

Запрашан за коментар околу можноста истрагата да ја преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и одговорноста на надзорот на новиот водовод во Гостивар и кој го предал во употреба тој кажа дека за секој предмет каде што ќе се утврдат законски надлежности на ОЈОГОК тоа е должно да го преземе во рамки на своето постапување. Доколку утврдат дека постојат такви елементи, тоа е нивна надлежност. – А во однос на останатото прашање за надзорот, во овој момент не би можел да споделам такви информации. Сепак, да ги оставиме експертите да си ја одработат својата работа на терен – рече Тошковски.