Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Тошковски: Каталогот за континуирани обуки е нов чекор кон модерна, професионална и ефикасна полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопшти МВР.

Во обраќањето, министерот Тошковски истакнал дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и капацитетите на вработените во Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека современите безбедносни предизвици бараат високо обучена, професионална и ефикасна полиција.

-Континуираната обука и усовршување на полициските службеници претставуваат еден од нашите најважни приоритети. Каталогот не е само преглед на програмите за обука, туку и стратешка алатка за професионален развој, која ќе придонесе за зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на квалитетот на полициското работење и дополнително унапредување на довербата на граѓаните во полицијата – истакна министерот Тошковски.

Реклама

Тој посочил дека Каталогот содржи систематизиран преглед на програмите за обука, развиени согласно потребите на полициската служба, современите безбедносни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Обуките се насочени кон развој на стручните, оперативните и лидерските компетенции, со посебен акцент на практичната примена на знаењата, почитувањето на човековите права, професионалниот интегритет и етичките стандарди.

Министерот Тошковски упатил благодарност до Полициската академија и до Мисијата на ОБСЕ во Скопје за нивната поддршка и придонес во подготовката на Каталогот, истакнувајќи дека партнерската соработка претставува важен предуслов за изградба на современ и одржлив систем на полициска обука.

Министерството за внатрешни работи, велат оттаму, останува цврсто посветено на континуирано инвестирање во знаењето, професионалноста и развојот на своите вработени, како основа за изградба на модерна, професионална и доверлива полиција, подготвена успешно да одговори на сите современи безбедносни предизвици.