Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството, пишува во денешното соопштение од прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, што МИА го пренесува интегрално.

Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари.

Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти.

Реклама

Да, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП.

Но клучно прашање не е само колкав е дефицитот, туку за што се користи дополнителниот фискален простор.

Одговорот е многу јасен.

Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти.

Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари.

Тоа се средства за патишта, железница, водоводи, канализации, училишта, здравствени објекти, животна средина и локална инфраструктура.

Тоа се инвестиции што создаваат работа денес, а вредност за граѓаните во годините што следуваат.

Истовремено, приходната страна не се гради врз нереални очекувања.

Приходите растат систематски ,системски, пресметано и создаваат поголема вредност во економијата.

Се крати таму каде што нема доволен приоритет, а се зголемува таму каде што има економски, развоен и општествен ефект.

Затоа, кога опозицијата ќе зборува само за една бројка, ние ќе зборуваме за целата слика.

Ќе зборуваме за структурата на расходите, за проектите и за придобивките кои што треба да ги почувствуваат граѓаните.

Овој Ребаланс треба да се оценува не само според тоа колку средства се планираат, туку според тоа што ќе се изгради и што ќе се подобри со нив.

Тоа е разликата помеѓу непродуктивна потрошувачка и развојна политика.