Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Средношколци од Битола и Прилеп учат за заштита на шумите на Пелистер

Средношколци од Битола и Прилеп со поддршка на вработените во ЈУ Национален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколци од Битола и Прилеп со поддршка на вработените во ЈУ Национален парк „Пелистер“ и Здружението „Граѓански Патеки“-Битола како дел од иницијативата „Заштитници на шумите“, учат за заштита на шумите на Пелистер.

За учесниците подготвени се предавања и детална презентација на шумското богатство и богатата разновидност на диви животни што живеат во паркот, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“.

-Пелистер не е само туристичка атракција, туку клучен извор на свеж воздух и еден од најзначајните еколошки ресурси во регионот и пошироко. Оваа посета уште еднаш потврди дека Пелистер е одлично место за т.н. искуствено учење. Наместо само низ теорија во училишните клупи, младите тука можат практично да го видат, почувствуваат и искусат она што го учат. Природата се претвори во нивна училница, каде секој чекор нуди жива лекција по екологија и ботаника, но и лекции како секој може да придонесе за заштита на животната средина- посочи Тошевски.

Реклама

Главната цел на иницијативата „Заштитници на шумите“ е да се поттикне јавната свест кај младата популација за заштита на шумите, но и да ја зајакнат граѓанската свест дека шумите се нашиот најголем штит од ерозија и незаменлив извор на кислород, информираа од ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.