Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Специјално признание за гласовна актерска изведба за Жарко Димоски во Уругвај

Жирито на фестивалот за фантастични филмови Монтевидео Фантастико во Уругвај му додели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жирито на фестивалот за фантастични филмови Монтевидео Фантастико во Уругвај му додели Специјално признание за гласовна актерска изведба (Special Jury Mention – Voice Acting) на актерот Жарко Димоски, за главната улога во филмот „Јон Вардар против галаксијата“.

Во образложението, жирито истакнува дека признанието е доделено поради силата, карактерот и енергијата на неговата гласовна интерпретација, која се издвојува како еден од клучните елементи што му даваат препознатлив идентитет на филмот.

-Ова е голема чест за мене, и како поединец и како дел од екипата на филмот. Особено ми е драго што со „Џон Вардар против Галаксијата“ достојно ја претставуваме Македонија на меѓународната сцена. Секогаш сум верувал дека е многу важно да ја работиш работата што ја сакаш. Како што вели една мисла што многу ја ценам: ако не го дадеш својот максимум, џабе ти е талентот – изјави Жарко Димоски.

Реклама

Ова е уште едно меѓународно признание за „Јон Вардар против Галаксијата“, првиот македонски долгометражен анимиран филм, кој по светската премиера на фестивалот во Ситгес продолжува успешно да се прикажува на фестивали ширум светот, освојувајќи награди и признанија.

Филмот е во сценарио и режија на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.