Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Со 120 столчиња пред Собранието,ССМ  го започна генералниот штрајк во јавниот сектор

120 празни столчиња на + 35 степени наменети за власта кои не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

120 празни столчиња на + 35 степени наменети за власта кои не ги слушнаа барањата на работниците – Јавниот сектор стапи во генерален штрајк, а Сојузот на синдикати на Македонија како организатор револтот го изрази пред законодавниот дом. Штрајкот се случива  откако власта ги изигра за ветеното линеарно покачување од 2806 денари кое требаше да е предвидено во ребалансот на буџетот  и ќе продолжи се додека не се исполнат барањата.

ССМ бара поддршка од народните избраници за поднесениот амандман 2 806 денари за сите работници веднаш и сега или убаво кажано од 1 јули, бидејќи знаеме дека тие пари ни се неопходни со ова сè што ни се случува – двоцифрена инфлација, ценовни шокови, најавена енергетска криза, најавено покачување на струјата од 10 проценти. Го охрабрам работникот да се избори за своите права, да се избори за својата егзистенција која ни е неопходна во моментот, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Утринава дел од вработените во јавната администрација низ државава  се соочиле со притисоци за да го прекинат, но по постапувањето на регионалните синдикални претставници од ССМ во претпријатијата притисоците прекинале. Од синдикатот децидни, велат нема да ги исплашат пораките дека ќе се исплаќа само 60 отсто дневница за време на штрајкот затоа што и онака се сведени на минимум.

Реклама

Повиците до власта за да се усвои поднесениот Амандман беа попусти.  Пред Собранието излегоа само  од пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ  од каде порачаа дека ќе дадат втора шанса  на владеачкото мнозинство да се изгласа Аманднанот за линеарно покачување на платите кој сега го поднесуваат како нивен .

Тие велат одличен е предлогот, позитивно законско решение ама не е време. Предлагаа да разгледаме, да се договориме ама избегнуваат. Ќе имаат втора шанса ама да видиме , рече пратеничката Дафина Стојаноска

Од Власта пак упорно остануваат на нивниот став- потребно било системско решение и нова методологија за да се реши проблемот со платите

Општиот колективен договор и социјалниот дијалог за општиот колективен договор треба да продолжи и ќе продолжи и таму да го најдеме системското решение, а тоа е нова методологија која ќе биде вклучена во општиот колективен договор и која што ќе значи системско решавање на проблемот со платите во јавниот сектор, односно континуирано зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, рече министерката Јована Тренчевска. 

Штрајкот ќе продолжи и утре, а ССМ револтот на улица ќе го изразат пред Владата со тоа што ќе постават 21 столче – по едно за секој министер.

Кристина Алексиеска