Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Прилози

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Испраќање локација, фотографии, видео и директна видео-врска со операторите на 112 .…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Испраќање локација, фотографии, видео и директна видео-врска со операторите на 112 . Ова ќе  биде возможно преку новата апликација „Where Are You“, која наскоро ќе стане достапна за граѓаните. Во итните ситуации кога  секоја секунда е важна  оваа нова алатка ќе им  овозможи  на граѓаните побрза и попрецизна комуникација со службите за итни случаи. Особено  ќе бидат корисни кога  некое лице  не знае точно каде се наоѓа кога е повредено и не може јасно да ја објасни состојбата.

-Наскоро граѓаните ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“, која ќе овозможи побрза, побезбедна и попрецизна комуникација со службите за итни случаи преку системот 112. Новата апликација ќе им овозможи на корисниците директно да ја испратат својата точна локација од местото на настанот, како и фотографии и видеоснимки, со што службите ќе добијат подетални информации за ситуацијата и ќе можат побрзо и поефикасно да реагираатистакна директорот на ЦУК Мухамед Али

Најзначајната новина е можноста за директна видео-комуникација со Оперативниот центар со која службите во реално време ќе добијат подобар увид во состојбата на терен и  координирање на  интервенцијата побрзо и поефикасно.

Реклама

 И жртвите на семејно насилство но и лицата кои се во опасност ќе можат да побараат помош на апликацијата  „Silent Call“ која е дел од оваа новина.  Со оваа опција тие ќе можат  безбедно да побараат помош, без потреба да разговараат со оператор, што може да биде од клучно значење во ризични ситуации. Воведувањето на овие нови алатки  велат од ЦУК се дел од процесот на модернизација на системот 112. Целта е  поголема безбедност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби при итни случаи.

ЦУК на почетокот на месецов започна  и пилот-проект за поставување интелигентни камери за рана детекција на пожари во неколку критични зони во државата, кои ќе бидат надгледувани 24 часа од Оперативниот центар. Проектот има за цел навремено откривање на шумските пожари, побрза реакција на надлежните служби и поефикасна координација при интервенциите.