Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Со енормно скапи репро-материјали, замрзнувањето на цените на земјоделските производи е погубно за производителите

Наместо со ад-хок замрзнување на цените на производите, земјоделците бараат Владата да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо со ад-хок замрзнување на цените на производите, земјоделците бараат Владата да им помогне со намалување на превисоките цени на репро-материјалите, кои долго време неконтролирано дивеат. Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот, не само што е бескорисно, туку е и погубно за домашните производители на храна, велат тие. 

  „Најконкретно, во моментов имаме случај кога буквално се бара главица кромид повеќе, а на пазарот ја нема, додека до пред некоја година бучинскиот кромид се фрлаше во центарот. Значи, се’ додека не се намалат цените на препаратите и не се задржат колку-толку пристојни цени на производите, ние ќе имаме намалување на производството. И ако сега зборуваме за недостаток на храна, верувајте дека за година-две, ние ќе зборуваме буквално за немање на храна“, – вели Васко Јосифовски, земјоделец од с. Трновци, битолско.

  Лошите земјоделски политики на Владата, се најдоа во фокусот и на Трибината на Централната комисија за земјоделие при ВМРО-ДПМНЕ. Актуелното замрзнување на цените на раноградинарските производи е чист популизам, бидејќи како мерка е и задоцнета, и промашена, и како таква ни приближно не го решава длабокиот проблем, констатираат оттаму.

Реклама

  „Оваа мерка требаше да биде донесена многу порано кога Македонија јадеше увозна храна, зеленчук и овошје од надвор. Сега, во ситуација кога стасува домашното производство, практично е нелогично да се замрзнуваат цените затоа што ова производство беше произведено по високи цени. Владата требаше навремено да ги замрзне цените и на нафтените деривати, и на електирчната енергија, и на ѓубривата, и на препаратите за да имаме денес рентабилно производство. Со ова мрзнење само се уништува домашното производство кое и без тоа е на стаклени нозе“, – рече Цветан Трипуновски, претседател на Централната комисија за земјоделие при ВМРО-ДПМНЕ.

  Според земјоделците од Пелагониско-Тиквешкиот регион Владата треба итно да интеревенира во земјоделието со директни, финансиски мерки, а не со краткорочни, популистички и штетни решенија.    

Каролина Дурло