Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Економија

Советот на Општина Кочани изгласа зголемување на данокот на имот за 40 отсто

Советот на Општина Кочани на денешната 16. седница ја усвои Предлог-одлуката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Кочани на денешната 16. седница ја усвои Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на висината на стапките на данокот на имот за подрачјето на Општината, со што овој данок се зголемува за 40 отсто. 

Одлуката беше донесена со 12 гласа „за“ и 7 „против“. За неа гласаше мнозинството –  советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, двајцата независни советници од „Сакам живот во Кочани“ и советникот Аки Акиов.

Градоначалникот Владко Грозданов истакна дека зголемувањето на данокот не е самоволна одлука на локалната власт.

Реклама

 -Секој што смета дека неправедно му е утврден данокот има право да поднесе приговор. Ова не е самоволно покачување, туку усогласување што се прави и во други општини. Се согласувам дека Кочани поминува низ тежок период, но секојдневно се соочуваме со голем број барања и проблеми што треба да се решаваат – рече Грозданов.

Претседателот на Советот, Александар Андов, оцени дека одлуката е непопуларна, но неопходна.

-Свесни сме дека ова не е популарна мерка. Стручните служби ја разгледуваа оваа одлука со цел да се подобри функционирањето на општината. Понекогаш како советници мораме да покажеме храброст и да донесеме тешки одлуки – рече Андов.

Во текот на расправата беа изнесени спротивставени ставови.

Советникот Ивица Лазаров од СДСМ смета дека покачувањето на данокот на имот не е поради обезбедување средства за нови инвестиции.

-Најпрво треба да го подобриме квалитетот на живот на нашите сограѓани, па потоа да ги зголемуваме даноците. Ова покачување не е за нови инвестиции, туку за покривање на финансиска дупка од околу 200 илјади евра. Ако овие средства беа наменети за капитални проекти, јас прв ќе ја поддржев оваа одлука – истакна Лазаров.

Советникот Гоце Димитров од ВМРО-ДПМНЕ образложи дека Кочани со години има една од најниските стапки на данок на имот.

Според пресметките, едно семејство кое досега плаќало околу 1.500 денари данок на имот, со новата одлука ќе плаќа околу 600 денари повеќе годишно, односно околу 50 денари месечно. Не сметам дека тоа е голем износ. Овие средства ќе останат во општината и ќе им се вратат на граѓаните преку проекти. Често се споредуваме со општини како Штип и Кавадарци, а таму данокот е повисок – рече Димитров.

По завршувањето на расправата, Советот ја усвои одлуката со 12 гласа „за“ и 7 „против“, со што стапките на данокот на имот во Општина Кочани ќе бидат зголемени за 40 проценти.