Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Собранието ќе одржи две седници, меѓу точките законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ и изборот на нов уставен судија

Два заеми на земјата кај Светската банка, предлог-законот за спроведување на проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два заеми на земјата кај Светската банка, предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка, и изборот на нов уставен судија се на дневен ред на денешните 97. и 119. седница на Собранието.

На 97. собраниска седница пратениците ќе треба да се произнесат за предлогот за уставен судија да биде избрана судијката од Апелацискиот суд Скопје, Мери Дика-Георгиевска.

На дневен ред на 119. седница се двата предлог-закони за заеми кај Светската банка. 

Реклама

Основно начело врз основа на кое се заснова предлог-законот за изменување на Законот за задолжувањето на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, е откажување на неискористениот дел од заемот во износ од 19,2 милиони евра. Оттука, како што се посочува во предлог-законот, Република Северна Македонија и Светската банка ќе склучат амандман на договорот за заем, со кој е предвидено откажување на неискористениот дел од заемот во износ од 19,2 милиони евра.

Целта на предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за програмската рамка за подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација во Македонија е спроведување реформи во областа на управувањето со јавните финансии, со цел модернизација на системите за буџетирање, сметководство, надзор на државната помош и администрирање на даноци во согласност со новиот Закон за буџетот и програмата за управувањето со јавните  финансии 2025 – 2028 и реформска програма на Управата за јавни приходи 2025 – 2028 година – „Транзиција во дигиталниот свет“. Вкупниот износ на заемот што ќе го додели Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка изнесува 25 милиони евра со рок на отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс-период од 3 години и каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон. Заемот ќе се отплаќа во 18 полугодишни рати, кои пристигнуваат за плаќање на 15 јануари и 15 јули секоја година.

Пред пратениците е и предлог-одлуката за објавување јавен оглас за именување член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.