Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Слободан Трендафилов е нов претседател на Сојузот на Синдикатите на Македонија

ССМ доби нов претседател. Слободан Трендафилов доаѓа на местото на Дарко Димовски…

Сподели:

ССМ доби нов претседател. Слободан Трендафилов доаѓа на местото на Дарко Димовски како прв човек на најголемата синдикална организација во Македонија. Новиот синдикален лидер вели дека ќе продолжи да се залага за поголеми плати и подобри услови за сите работници.

Ќе се залагам за повисоки плати за работниците, како и за поголема безбедност на работните места, а пред се за достоинствена живеачка. Ова за Алфа го изјави Слободан Трендафилов, новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој беше избран по денешниот Конгрес што се одржа во Скопје. Трендафилов беше единствен кандидат за претседател на ССМ.

  • Конгресот едногласно одлуци за лидер на ССМ да ме избере мене. Ние сите заедно продолжуваме да ја водиме работничката борба, работничката мака е голема. Ние како синдикалци ќе се залагаме за платите на работниците да ги зголемиме, исто како што функционерите си ги зголемија сопствените плати. Ќе правиме се за работникот да биде задоволен, и ние заедно сплотени продолжуваме да газиме јако, за подобри права на работникот, вели во ексклузивна изјава за Алфа, Слободан Трендафилов, новоназначениот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Конгресот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон прерано починатиот претседател на ССМ, Дарко Димовски и неговите заложби за синдикалното делување. Трендафилов рече дека поминуваат низ тежок период, но и покрај тоа, ќе ги штитат правата на работниците, кои за жал, се повеќе си заминуваат од сопствената земја.

Реклама

Трендафилов дојде на местото на Димовски кој ја извршуваше функцијата претседател на ССМ од декември 2017 година, а претходно беше претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, занаетчиството и заштитните друштва.

Веста ја објавија неговите колеги од ССМ, а пријателите и соработниците преку социјалните мрежи се збогуваа со досегашниот синдикалниот лидер.

Дарко Димовски, почина во првата половина на јуни годинава на 45-годишна возраст по кратко боледување. Колегите, соработниците и работниците, ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија.

Борис Грујоски