Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Се заканува целосна парализа на судскиот систем – административците повторно на протест

Судството пред парализа. Администрацијата повторно излезе на протест, овојпат зашто Владата ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судството пред парализа. Администрацијата повторно излезе на протест, овојпат зашто Владата ги игногира веќе цела недела и не седнува да разговара со нив. Размислуваат за радикализација на протестите односно целосна блокада на работењето на судовите.

  • „Веќе 7 месеци од Март си ги бара своите права, односно покачување на плата за 78% од минимална плата и исплаќање на додатоците од 35% кои беа ускратени откако се покачи платата на функционерите. Не престануваме!“ – Истакна Јасмина Величкова од синдикатот на судска администрација.

Штрајкувачите и порачаа на власта да не ги залажува со десетина проценти покачување, бидејќи на плата од 20 илјади, тоа би биле само незначајни 2 илјади денари.

  • „Више дојде во ситуација, во фаза кога не размислуваме со главите туку почнавме да размислуваме со стомаците. Ситуацијата почна да излегува од контрола. Ги повикуваме повторно да седнат на маса и да ги послушаат нашите барања, а тоа е зголемување во реални цифри.“ – Порача Драган Јосовски од синдикатор на правосудството.

Велат дека судиите не можат да работат без нив, а платата помеѓу административец и судија е со над 80,000 денари разлика, односно сооднос 1 спрема 6, кој во минатото, бил еден 1 спрема 2.

Реклама
  • „Нашето барање кое ни следува по закон, 0,8% од вкупниот буџет на Република Македонија, доколку цел буџет се даде за судството, за судската служба нема да имаме никаков проблем и за плати и за реновирање и за се. Од цел буџет што ни следува по закон, ние добиваме само 0,3%“ – Истакна Ивица Бошевски од независниот синдикат на граѓанскиот суд.

Покрај судската администрација и вработените од обвинителствата се незадоволни. И дадоа рок од 10 дена на Владата да одговори на нивното барање за покачување на платите. Рокот истекува викендов, па ако не добијат одговор најавуаат дека наредната недела и тие повторно ќе излезат на протести.

Никола Цветкоски