Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

По пет години живот во Холандија, сфатиле дека дома си е дома.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По пет години живот во Холандија, сфатиле дека дома си е дома. Срцето ги вратило во Македонија, сакале нивната ќерка да расте меѓу своите баба, дедо, семејството и пријателите. Но не се вратиле само со куфери, туку и со бизнис идеја. Со државен грант, ја претвориле во успешна компанија што функционира како консултативно-едукативен центар, а кој денес им помага и на други домашни фирми да растат.

Пробав да најдам некоја информација на интернет за тоа дали државата помага во однос на отварање на бизниси, и најдов на сајтот на Заводот за вработувањед дека има грантирање и од таму си пополнив апликација и продолжи процесот понатаму со тоа што добив грантза да отворам компанија во Македонија“- вели Кристиан Томашевски.

Помошта од државата за нив била и повеќе од добредојдена. Од тогаш, веќе една година успешно го водат и прошируваат својот бизнис.

Реклама

За нас беше од огромно значење заради фактот дека ни ги обезбеди сите потребни алатки за работа, бидејќи нашиот бизнис работи исклучиво само на интернет. Нас ни требаа софтвери кои што покриваат целвкупно работење Морам да кажам дека без тие средства може и да не го отворевме бизнисот. И ни даде простор да се прошириме, да донесеме дополнителни луѓе во нашиот тим. “- вели Томашевски.

Инаку годинава конкурсот бележи рекорден одѕив од 5500 апликанти кои бараат помош за отварање сопствен бизнис. Од министерството за економија велат дека над 60% од пријавите се поднесени од млади, кои сакаат да останат и да инвестираат во државата.

Процентот на одржување на бизнисите да го задржиме и да го зголемиме, имајќи предвид дека 80% од отворените бизниси се одржуваат и се реализираат, тоа значи дека е висок процентот и дека оваа мерка е полн погодок за невработените за отварање на сопствен бизнис, особено на младите до 29 години.“- вели Марјан Ристески, заменик министерот за економија.

Инаку државата, преку оперативниот план за вработување нуди повеќе од 7 мерки за намалување на невработеноста. Од министерството за економија велат дека има голем интерес и за другите грантови. Во моментов тече јавен повик од Оперативниот план за вработување преку фирми кои им е потребен кадар. Аплицирањето трае до 24 јули, а надлежните ќе им плаќаат на бизнисите кои ќе вработат млади и луѓе од ранливи категории.