Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за политички систем ќе расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, додека пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувања на три предлог одлуки – за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Македонија, за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Македонија, како и за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Македонија за соработка со парламенти на други држави.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, додека Законодавно-правната комисија ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка.