Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Свечено одбележан 71. роденден на Кисела Вода, доделени признанија

Општина Кисела Вода денеска свечено го одбележа својот 71. роденден, со што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кисела Вода денеска свечено го одбележа својот 71. роденден, со што и официјално ја започна својата осма декада, а по тој повод беше одржана свечена седница на Советот на општината, соопштуваат од локалната самоуправа.

Во центарот на свеченоста беше отчетното излагање на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која се осврна на реализираните активности во изминатите седум месеци, потенцирајќи континуиран развој во повеќе сектори.

– Во поглед на инфраструктурата, општината активно работи на капитални зафати, решавање на децениски предизвици, модернизација на патната мрежа и унапредување на комуналните услуги за поубава и побезбедна животна средина. Што се однесува до образованието и најмладите, континуирано се вложува во создавање на најсовремени услови за престој и учење во градинките и училиштата, бидејќи грижата за иднината започнува од најраната возраст. Општина Кисела Вода е силно посветена и на спортот и културата, па така темелно се обновува спортската инфраструктура и се инвестира во културниот живот, враќајќи ги старите симболи на општината и создавајќи нови традиции за сите генерации. Подеднакво важна е и социјалната грижа, каде се обезбедува сеопфатна поддршка преку низа конкретни социјални мерки дизајнирани да одговорат на потребите на најранливите категории и да понудат достоинствена грижа за секој граѓанин. Како раководство на општината, наша задача е да креираме иднина. Затоа, денешниот ден е пред сè ден за отчетност пред вас, граѓаните. А нашиот пристап кон менаџирањето со општината се темели на континуиран развој во сите клучни сектори – изјави Стаменкоска Трајкоска.

Реклама

Таа упати благодарност до Владата и премиерот Христијан Мицкоски, до надлежните институции, како и до Градот Скопје и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за поддршката, истакнувајќи дека соработката е клучна кога интересот на граѓаните е во фокусот. Благодарност беше упатена и до советниците, општинската администрација и граѓаните за довербата и конструктивните сугестии.

Свеченоста беше заокружена со доделување на признанија – статуетки во форма на клуч – на заслужни поединци и организации кои придонеле за развојот на Општина Кисела Вода.

Меѓу наградените се Ристе Стојанов (КЕЦ Аеродром), Бранислав Ѓоѓиевски (Геопром), Андреа Николовски (СЕТЕК), Игор Дончев (ЏС Актуел), Марија Синадиновска Арсовска (Малами), Зоран Весковски (Kitka Plant Farm), Верче Ангеловска, Елена Мицковска, Здравко Ацевски („Б плус“), како и претставници од спортски клубови – КК „Ангели“, „Јанта Волеј“, ЖКК „Бадел 1862“ и ФК „Кул Здравје“.

Признанија добија и проф. д-р Милорад Јовановски, командир Маја Стојановска, Влатко Миладиновски и проф. д-р Гоце Цветановски.