Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Свечено затворање на изложбите на Ивановска и Сотировска Богдановска во Берлин

Двете изложби на македонските уметници, „Ехо“ на Ана Ивановска и „поПуст(о) %…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двете изложби на македонските уметници, „Ехо“ на Ана Ивановска и „поПуст(о) % – исто“ на Марија Сотировска Богдановска, ќе бидат затворени утре со свечен настан што ќе се одржи од 19 часот во галеријата Prima Center Berlin.

Како што соопштуваат авторките, изложбите кои се поставени во галеријата се дел од одбележувањето на јубилејот „25 години kolonie wedding“ (2001–2026), четиридневна манифестација што од 25 до 28 јуни го претвора берлинскиот кварт Вединг во отворена сцена со бројни галерии, ателјеа и уметнички настани. Поставките на Ивановска и Сотировска Богдановска се вбројуваат меѓу централните содржини во програмата.

Изложбата „Ехо“ на Ана Ивановска преку фотографија, фотомонтажа и инсталација обработува теми поврзани со последиците од глобалните кризи врз поединецот. Во фокусот се мотиви како маски, ракавици и човечки фрагменти, кои ја симболизираат ранливоста и прекинатата комуникација.

Реклама

Од друга страна, „поПуст(о) % – исто“ на Марија Сотировска Богдановска го користи визуелниот јазик на трговијата – етикети, попусти и рекламни пораки – за да ги преиспита вистинските вредности во општеството, меѓу кои пристапот до вода, здравствена заштита, енергија и условите за труд.

Двете авторки се дел од женската уметничка група МОМИ и редовно излагаат во Prima Center Berlin, простор кој со години претставува значајна платформа за презентација на македонската уметност во германската престолнина.

Свеченото затворање ќе се одвива во присуство на авторките, на амбасадорот на Македонија во Германија, Илбер Села, како и бројна публика.