Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Свет

Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа

Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако украинската нуклеарна централа Запорожје поради  гранатирање остана без електрична енергија со часови.

„Дизел генераторите веднаш беа активирани за да се обезбеди енергија на самата станица, за да се поддржи по исклучувањето. Светот мора да разбере каква закана е ова: ако не се вклучија дизел генераторите, ако автоматиката и персоналот на нашата станица не реагираа по прекинот, тогаш веќе ќе бевме принудени да ги надминеме последиците од несреќата со радијација. Русија ги доведе Украина и сите Европејци во ситуација на чекор од катастрофа со радијација“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина

Инспектори од Обединетите Нации се очекува да пристигнат во нуклеарната централа следниве денови. Од Москва пак велат дека струјата од нуклеарната централа Запорожје во Украина се испорачува нормално и дека нема никакви дефекти, според изјавата на шефот на управата на Енергодар, Александар Волга.

Реклама

Украинците вознемирени.

„Мислам дека секој што размислува сега се плаши, сите се плашат. Знаејќи го нашиот сосед, знаејќи за што е способен, разбираме дека може да има различни последици од она што сега се случува таму. Затоа сите се плашат. Не сме загрижени за прекините на струјата, туку дека еколошката ситуација може да се промени, изјави Наталија – жител на Киев

„Се разбира, сите се плашат, целиот свет се плаши. Навистина сакам ситуацијата повторно да стане мирна, сакам инспекторите (МААЕ) конечно да стигнат до фабриката. Сакам да се надминат недостигот од струја и да профункционираат дополнителни капацитети. Сакам сите да живееме во безбеден свет, изјави Володимир – жител на Киев

Русија, која ја нападна Украина во февруари, ја зазеде фабриката во Запорожје во март, но украинските техничари продолжија да ја работат под наредба на руските сили.

Бојана Златкова