Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Македонија

Сајковски: Наша задача е да се обединиме и да се бориме за Македонија и Македонците во регионот

„Денес е значаен ден бидејќи тука во Штип се состанаа Македонците од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Денес е значаен ден бидејќи тука во Штип се состанаа Македонците од Бугарија, Грција, Албанија но и Македонците од Македонија. За да го видиме континуитетот на постоењето на Македонците ние треба да погледнеме во нашите луѓе кои се надвор од границите на нашата држава“ рече денеска на семакедонски собир организиран од здружението на македонците од егејскиот дел на Македонија ,, Мирка Гинова ” од Штип.

„Македонците кои живееат во соседството се најдобар пример како се сака како се продолжува она што е вкоренето во нашите домови огништа македонскиот јазик, култура, традиција се она што било забрането во вашите држави вие го негувате развивате и се охрабрувате да го пренесите на идните генерации Затоа македонската држава треба со почит да гледа кон луѓето кои се отфрлени маргинализирани забрането им е да пишуваат и зборуваат на свој македонски јазик. Нам денес во 21 век каде имаме своја држава ни е потребна трпеливоста и мудроста на нашите предци од 19 век бидејќи нашите соседи водат политики притисоци и кампањи како во 19 век“ дециден е Сајковски. 

„За жал Македонија е денес предводена од власт која многу малку гледа за сопствените граѓани, власт која има потрошено 22 милјарди евра а неможе да се пофали со ниту еден значаен проект, власт која направи хаос во здравството, во енергетиката, остави нереализирани безброј проекти во инфраструктурата, направи историски најголема администрација, власт која ги ограбува своите граѓани но ги следи политичките противници, оваа власт направи најлоши договори со соседите затоа оваа власт мора да се смени“ – вели Сајковски. 

Реклама

Во модерна Европа има преседани каде кај нашите соседи Бугарија и Грција не се почитува волјата на македонците вели Сајковски, но дополнително Бугарија не уценува со наметнување на историја по нивни терк што е нечуено и невидено.

„Дали на некоја друга суверена држава и се наметнува историја но ќе издржиме ќе работиме заедно и ќе бидеме посилни. Ние живееме во 21 век со преседани бараат да ја смениме историјата но како кога е завршена запишана раскажана запомната наместо да се борат за тоа треба да ги осудат нивните претходници за погрешната страна што ја имале низ историјата. Но нашата задача е да се обединиме со и без помош на државата да почнеме да ги будиме Македонците во регионот да го одржуваат својот мајчин јазик култура, традиција, нашата посебност. Да формираме македонски здруженија во секое место каде живеат македонци со што ќе направиме огниште секаде каде има наши луѓе. Обврска наша на македонците од Македонија е да започнеме силно да работиме за економско јакнење на државата и за смена на оваа неодговорна власт. Нашата борба е да имаме правна држава, економски независна, респектибилна држава во која ќе владее правото за сите “ завршува Сајковски.