Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Свет

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади, нафтата поскапе за 3 отсто

Американската војска во текот на ноќта извршила нов бран напади врз Иран.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американската војска во текот на ноќта извршила нов бран напади врз Иран. Според американските власти, меѓу целите биле ирански системи за противвоздушна одбрана и радарски станици. Централната команда на САД соопшти дека целта на операцијата била да се ограничи способноста на Иран да напаѓа трговски бродови во Ормускиот Теснец.

Техеран остро ги осуди нападите. Иранското Министерство за надворешни работи оцени дека американските дејствија ги уништиле сите дипломатски напори вложени во изминатите месеци. Во соопштението се наведува и дека САД предизвикале враќање на несигурноста во Ормускиот Теснец, како и нарушувања на меѓународниот трговски поморски сообраќај.

Како одговор на американските напади, Иран отвори оган врз американски бази во регионот. Исламската револуционерна гарда нападнала воени цели и воени бази во Јордан, Кувајт и Бахреин. Цената на нафтата денеска порасна за повеќе од 3 отсто, откако обновените воени напади меѓу САД и Иран повторно предизвикаа загриженост за испораките на гориво преку Ормускиот Теснец. Суровата нафта „Брент“ достигна цена од речиси 79 долари за барел.