Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

САД го става на црна листа, Ковачевски му ги простува злоделата, со новиот кз 15 случаи против Мерко паѓаат во вода

Власта не се бори со корупцијата, напротив, преку измените на кривичниот законик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта не се бори со корупцијата, напротив, преку измените на кривичниот законик се амнестираат токму луѓе кои се најдоа и на „црната листа“ на САД.  Со измените на законот, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е ослободен од дури 15 случаи кои се водат против него, а неодамна токму американската амбасада го објави името на Мерко како лице кое е на црната листа на САД заради корупција. Од американската амбасада тогаш изјавија дека ги знаеле доказите за негово коруптивно работење и злоупотреба на градоначалничката функција.

Но сепак се чини дека ова не беше доволна порака до Владата дека треба да расчистат со криминалците од своите редови, и експресно си донесоа измени на кривичниот законик, со залепено европско знаменце, со кои низа политичари кои се сомничат дека ја злоупотребувале службената положба се ослободени од истраги.

На последната прес-конференција на американската амбасадорка Агелер таа кажа тие нема да дојдат во Македонија да апсат некого, но интересно ќе биде да се види какви дејствија ќе бидат преземени по означувањата. Не е моја работа како амбасадор на САД да им кажувам на институциите тука што треба да преземат, рече Агелер.

Реклама

По се изгледа институциите нема да превземат никакви дејствија, оти за 15 случаи на Мерко тој со измените изгласани и предложени токму од ДУИ од каде што е тој, СДСМ и АА, Мерко се ослободува од истрагите.

Инаку Основното јавно обвинителство Струга води четири предмети против Марко оформени од почетокот на годинава, а постапува и во два предмети во предистрага од 2021 година кои се однесуваат на конкретни проекти на Општина Струга. За други четири предмети во работа (2 од 2019 и 2 од 2022), јавните обвинители кои преземале дејствија добија укажувања и насоки со цел дополнително да се динамизира постапувањето.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има во работа вкупно 5 предмети. Меѓу нив е и предметот со спорната набавка на службени автомобили во Општина Струга, кон кој е приклучена и иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција и извештај на Државниот завод за ревизија, и во кој е донесена Резолуција за еден дел од наводите. Меѓутоа останатиот дел уште е предмет на проверки.

Со измените кои властите сами си ги изгласаа покрај застарувањето на делата се намалуваат и затворските казни на криминалците од највисоки редови.

Со измените на Кривичниот законик со ставот 3 од членот 353 за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања, беше предвидена затворска казна од најмалку три години, ако сторителот прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета. Со измената, казната е намалена на една до пет години затвор.

Ставот 5 кој предвидуваше затворска казна од најмалку пет години ако делото е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, со измените се брише и не постои веќе.