Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Ристовски: 60 проекти, вложени над 21 милион евра за две години во спортот

60 спортски проекти за само две години вредни над  21 милон евра,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

60 спортски проекти за само две години вредни над  21 милон евра, се реализирани во Министерството за спорт.И ова не е политичкапропаганда, туку факт, вели министеротза спорт Борко Ристовски во отчетот за сработеното. Во изминатиот период се реконструирани и започнати повеќе капиталн иинфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“,спортски сали сали во Крушево, Аеродром и Воената академија, нови трибини на стадионот во Тетово, атлетски патеки во Велес и во Гевгелија, а изградени се и 9 нови базени низ државата.

–Ја реконструиравме спортската сала во Радовиш, ја обновиваме спортската сала на УКИМ, објект кој со години тонеше, пропаѓаше и се уништуваше поради негрижа и неодговорност. 05.10 Паралелно со тоа саниравме,изградивме,и реконструиравме   голем број спортски игралишта мултифинкционални терени  и спортски објектиниз целата држава-истакна министерот за спорт Борко Ристовски

Македонија во последниот период беше домаќин на два големи спортски настани, со кои, како што вели министерот за спорт, се потврдило дека државата може да организира манифестации на највисоко ниво и според највисоки стандарди.

– Разликата денес е повеќе од очигледна тие за 4 години 33 проекти а ние за две години 60 проекти. Тие оставија руинирани објекти ние градиме нови-истакна министерот за спорт Борко Ристовски

Реклама

Ристовски најави продолжување на нови капитални инвестиции, изградба на спортски објекти и засилена поддршка за федерациите, клубовите и младите спортисти. Министерството за спорт е формирано за прв пат во 2024 година. Претходно, спортот не беше во фокусот на државата, туку беше во надлежност на Агенцијата за млади и спорт. Со новата реорганизација на институциите, таа агенција беше трансформирана, а спортот доби статус на посебен ресор во рамки на Владата предводена од Мицкоски.