Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството

Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство – соопшти директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференцијата во Владата. 

– Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно – да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација – рече Андоновска. 

На барање на новинарите да се каже која е причината за ситуацијата во Гостивар, министерот Клековски рече дека кога Јавното обвинителство ќе даде согласност да се објават резултатите, тие ќе бидат објавени. 

Реклама

– Испитувањата се направени на барање на Обвинителството и кога тоа ќе даде согласност јавно да се каже, ќе ги соопштиме резултатите. Не сакаме да се мешаме во истрагата – рече Клековски додавајќи дека храната како причина отпаѓа.