Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот

Во Музејот на Општина Радовиш денеска ќе се одржи Регионален форум на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на Општина Радовиш денеска ќе се одржи Регионален форум на Југоисточниот плански регион посветен на одржливиот третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Проектот го спроведува Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, а неговата цел е да придонесе кон транзиција кон „нула отпад“ општини преку подобрување на управувањето со биоотпадот, намалување на загадувањето и ризиците од пожари, поефикасно искористување на ресурсите и поттикнување на циркуларната економија.

Поздравни обраќања ќе имаат градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец, и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот ќе го модерира Ана Петровска, а презентации ќе имаат Наталија Бургиева, техничка експертка и Аријан Тоска, финансиски/институционален експерт.

Реклама

На форумот ќе бидат презентирани резултатите од базичното истражување за управување со биоотпадот, кое содржи анализи и предлог-модели за технолошки, финансиски и институционални решенија. Преку дискусија со претставници на општините, јавните комунални претпријатија, институциите, стопанството и други засегнати страни ќе бидат избрани најприменливите модели, кои ќе послужат како основа за изработка на предфизибилити студија за управување со биоотпадот во Југоисточниот плански регион.