Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Расколот во ДУИ добива на интензитет – шифрирани пораки меѓу партиските функционери

Се чини дека фракцијата во ДУИ нема да го остави на раат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се чини дека фракцијата во ДУИ нема да го остави на раат Ахмети, немаат план да се отцепат од партијата, а ги демантираа и гласините дека ќе коалицираат со БЕСА, остануваат во ДУИ, велат борбата ќе се води одвнатре.

Дека одвнатре врие веќе е познато, но она што е нејасно се константните кодирани пораки кои си ги упатуваат интегративците меѓу себе, последна е онаа на првиот вицепремиер Груби кој на социјалните мрежи постави фотофрафија со него и Ахмети на видео повик, двајцата во тренерки, на фотогафијата тој напиша..

„Цигара за ќеиф вечерва, со чадот право нагоре. Запаметете го овој ден пријатели“, напиша Груби на социјалните мрежи.

Реклама

На што се однесуваше оваа слика прикачена на социјалните мрежи не се знае, дали можеби заради поставувањето на камен темелникот на коридорот 8 каде речиси цело раководство на ДУИ беше присутно, дури и оние кои немаат државна функција, или пак сакаше да упати порака колку се тие важни и со кого се сретнуваат? Никој не знае што сака да каже Ахмети со чадот право нагоре.

Дека двосмислени пораки континуирано се испраќаат е факт и изјавата на неформалниот лидер на фракцијата Меџити кој му порача на Ахмети „да не го гори јорганот заради една болва“ најверојатно алудирајќи на Груби кој нив им е трн во око.

На тоа Али Ахмети барем ништо јавно не кажа само си запеа народна песна и ја закачи на социјалните мрежи.

Расколот ја достигнува својата колуминација, ни централните претседателства ДУИ не го решија меѓусебниот проблем. Меџити и неговите поддржувачи решија да бидат фракција, и заминаа луто од состанокот, а Ахмети им порача дека фракции според статутот на ДУИ нема. На тоа фракционерите го обвинија Ахмети дека и тој го прекршувал статутот.

Фракцијата ќе биде активна во иднина, ќе има свои структури и ќе ги презентираме не само структурните разлики, туку и програмските и нашите политички идеи и позиции за секоја тема. Точно е дека тоа го нема во статутот, но во Демократската унија за интеграција многу работи беа преземени и поважна беше политичката волја отколку статутарната норма, велат од фракцијата од ДУИ.

Инаку фракцијата најавуваше и онлајн петиција за разрешување на Груби, но резултатите засега не се објавени.

Мери Симоновска