Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Економија

Продолжува штрајкот на „матичарите“, чекаат одговор од Министерството за финасии за пари за поголеми плати

Матичарите го продолжуваат штрајкот.  Најден е заеднички јазик за барањата за кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Матичарите го продолжуваат штрајкот.  Најден е заеднички јазик за барањата за кои е надлежно Министерството за правда, но се уште останува главниот проблем за линеарно зголемување на платите за 30 отсто кој го адресираат кон Министерството за финансии.

Вработените во Управата и Правда се договорија за К-15 во висина од 60 отсто, на матичарите ќе им се плаќаат венчакви ако се вршат во сабота и надминато е недоразбирањето во делот на исплаќање на опремнина. 

Реклама

Можеме да кажеме дека во оној дел што е во надлежност на Министерството за правда најдовме заеднички јазик за голем број барања -во делот на отпремнина, К-15 да биде 60 отсто од просечната плата, но во делот кај процентот на зголемување на платите останува 30 отсто. Затоа ние донесоме заклучок дека следните активности ќе ги насочиме кон Министерството за финансии зашто сега Колективниот договор и се што беше денеска договорено ќе биде доставен до Финансии и очекуваме во најкраток рок да го разгледаат“ , вели Марјан Ристевски Претседател на КСОМ

Колективниот договор на адреса на финансии ќе биде доставен најдоцна утре , а рокот за одговор е до понеделник – во спротивно синдикатот најавува масовни протести пред Министесрството за финансии. Според претседателот на независниот синдикат на Управата за матични книги штрајкуваат 70 проценти од вработените, а не како што се изјаснил Тупанчевски дека во штрајк се само 20 отсто.  Шалтерите на матично се отворени за издавање документи само за итни случаеви .

Освен отпремнината и К-15 да биде 60 отсто од просечната плата на ниво на држава, го прифатија и барањето за венчавките кои се вршат во Управата да се наплаќа ако се во сабота. Од овој месец веќе никој во Управата нема плта под минималната од 18 000, но останува линераното усогласување на останатите плати.  Ние им излегуваме во пресрет на оние на кои документите им се итни. Има болни да одат во странство да се лекуваат, претходно венчани, на кои им требаат докумени, но 70 отсто од работата е стопирана, демантирам дека само 20 отсто шрајкуваат, изјави Претседателот на независениот синдикат на Управа за матични книги Тони Милошески.

Штрајкот започна на 27 април,а  минатата недела дел од  вработените излегоа на протест пред Министерството за правда по што беше одржана првата средба во Министерството кога им беа исполнети дел од барањата. Штрајкот ќе продолжи се до исполнување на барањето за зголемување на платите.

Кристина Алексиеска