Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Едногласно со 88 гласа „за“, пратениците изглассаа продолжување на кризната состојба во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едногласно со 88 гласа „за“, пратениците изглассаа продолжување на кризната состојба во снабдувањето со нафтени деривати за уште 90 дена. Одлуката падна по бројни одложувања и тензии во собранието. Пратениците од ДУИ не гледаа потреба предлогот се гласа по итна постапка, туку инсистираа на редовна. Гневни бидејќи минатиот петок материјали за други закони биле повлекувани, па повторно враќани на седница, обвинија за хаос во собранието. Пратениците од  власта ја обвинија ДУИ дека намерно го блокира гласањето и дека ако кризната состојба која истекуваше денеска, не се продолжела до 20-ти октомври, ќе се создал јаз кој би можел да предизвика проблеми во снабдувањето со горива и скок на цените.

Сега се чека на новата  одлука за цените на горивата од Регулаторната Комисија , а во меѓувреме владата интервенира со намалување на акцизите на бензините и дизелот, по што ќе следи и  конечната пресметка на новите цени на дериватите. Во изминативе две недели, дизелот поскапе за 8, а бензините за 2  и пол денари по литар. За една седмица, пак, цената на светските берзи на нафтата од типот брент скокна за 15% на 88 долари за барел. Првпат кризна состојба поради конфликтот на Блискиот Исток беше прогласена на 23 март во времетрање од 30 дена. Потоа таа беше продолжена за уште 90 дена до денеска, а ќе трае најмалку до 20-ти октомври.