Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Прилепската болница продолжува со воведувањето нови современи оперативни минимално инвазивни методи

Прилепската болница продолжува со воведувањето нови современи оперативни минимално инвазивни методи Уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепската болница продолжува со воведувањето нови современи оперативни минимално инвазивни методи

Уште еден иновативен здравствен метод во прилепската Општа болница. На Хируршкото одделение е изведена првата операција со современа лапароскопска ТАРР техника за оперирање на ингвинална хернија, или „препонска кила“.

Шеесет и четиригодишниот пациент е опериран вчера и веќе денеска е пуштен на домашно лекување.

Реклама

„Техниката е врвна, значи се работи минимално инвазивно, низ три мали отвори со минимална траума. Се внесува поголема мрежа, се осигуруваат повеќе отвори на можни појави на други такви кили. Практично, пациентот, ако го следи нашиот совет и во првиот период се држи до препораките, потоа може да очекува комплетно квалитетен живот без никакви задршки што се однесува и до физичките активности“, изјави д-р Златко Јаков, доктор по општа хирургија.

Изведувањето на оваа метода во прилепската болница е од огромно значење за пациентите од целиот Пелагониски регион, а и пошироко. Најмногу благодарение на стручниот лекарски тим од дури седум хирурзи, пет специјализанти и тројца уролози, но и на набавката на новата апаратура.

„Ги работиме сите видови кили, работиме жолчки, значи лапароскопска и класична техника. Исто така, изведуваме и карцином на дојка – оперираме бенигни и малигни болести на дојка. А исто така, пациентите да знаат дека се изведуваат и кор-биопсии кај нас. Не мора да патуваат во другите градови. Значи, ги изработуваме кај нас тука“, рече д-р Димитар Иваноски, началник на Хируршкото одделение.

Инаку, само во изминативе две години во прилепската болница се набавени бројни современи медицински апарати, а се екипираат и лекарските тимови на речиси сите одделенија.

„И во претходниот период ги презентиравме по другите одделенија за пациентите да не патуваат по други градови и своите потреби да ги обавуваат во нашата болница. Во план сме и за нови методи, а некои се веќе и почнати и ќе бидат презентирани во следниот период“, кажа д-р Кире Јоноски, директор на Општа болница Прилеп.

Прилепската болница опслужува преку 120.000 осигуреници од четири општини.