Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Преку сонцето до милиони евра: Фотоволтаичниот е новиот „канабис бизнис“ за Заев, Ковачевски и Ахмети

Преку сонце до милиони евра профити. Ова по се изгледа е најновата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку сонце до милиони евра профити. Ова по се изгледа е најновата девиза на ударните политички фигури од власта, во прв ред, поранешниот премиер Зоран Заев, сегашниот Димитар Ковачевски и вечниот шеф во ДУИ Али Ахмети. Некогаш канабис- бизнисот сега стануваат фотоволтаиците за власта.

Екс шефот на Илинденска беше прв за кој во јавноста излегоа информации дека семејно влегуваат во бизнисот со фотоволтаици, преку фирмата Тотал Енерџи, чиј управител е Душко Заев, син на Зоран Заев. Во бизнисот со струја се и братот и татко на екс шефот на Илинденска. Вице и Панче Заеви се на чело на Солар Грин Енерџи, која во текот на јуни годинава почнаа да бараат соодветен кров од објект каде ќе ја поставан првата фотоцентрала од 315 киловати.

Инаку, семејството Заеви ја искористуваат и државната помош за овие цели, помош која токму Заев ја најави пред три години.

Реклама

-Имаме практични реализации на проекти за замена на загадувачките ресурси во производство на електрична енергија, со обновливи извори на енергија. Скратени се временските рамки за изградба на фотоволтаици и ветерници, рече Заев на 03.12.2020.

Колеги во енормно доходовниот бизнис со производство на струја се и сопругата и кумот на Ковачевски . Елена Ковачевска е еден од петтмината сопственици на компанијата „ Сол груп 5 ДОО Скопје“ , која ќе гради 1.8 мегаватна фотоволтаична централа. Сопругата на си купи државно земјиште за само 70 евра за квадрат , ама Ковачевски не бил на седницата на која и се даде амин за ова земјиште.

–Тоа е нејзина инвестиција која ја има направено со свои сопствени средства. Без моја помош, зошто би имала помош од мене во таа работа. Тоа е инвестиција која може секој граѓанин на државата да ја направи и голем дел на граѓани инвестираат средства во приватни компании, кажа на 13.12. 2022 Димитар Ковачевски.

Пред неколку месеци опозицијата откри дека семејството Ахмети влегува во овој бизнис. Синот на лидерот на ДУИ, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците Дрин и Бесијан, исто така влегле во бизнис вреден 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 мегаволти во кичевско.

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш обвиниија дека синот на Ахмети заедно со неговите први братучеди ја формирале фирмата „Хелиос“, во која секој од нив има по 1/3 сопственост, а според информациите на опозицијата, семејството од Зајас побарале огромна сума на пари од банка под сомнителни околности.

–Јас за семејството можам да кажам дека лебот го обезбедило со своја пот. Можеби било најбогатото семејство во околината, кажа Ахмети.

Според екологистите, проблемот со фотоволтаичните централи последниов период е што моменталните инвеститори ги граделе истите на земјоделско земјиште и во заштитени подрачја, а не каде што треба да бидат градени.

-Постои конфликт меѓу приоритетите да го заштитиш природното наследство и да обезбедиш енергетска транзиција, односно обновливи извори на енергија и токму заради тоа тука лежи главната причина зошто ова го работевме, изјави Ана Чоливќ Лешоска, извршен директор на „Еко Свест“.

Инаку бизнисот со фотоволтаиции стана актуелен во екот на најголемата економска и енергетска криза , а стана и омлен за политичарите од власта.  Производството на струја од сонце е во подем, ама изгледа станува екслузивно право за најблиските на оние кои се на врвот на државата.

Матеја Петровски