Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Економија

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

Капиталните инвестиции од 750 милиони евра главен двигател на растот во 2026-та.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Капиталните инвестиции од 750 милиони евра главен двигател на растот во 2026-та. Во ребалансот на буџетот ќе има за 14,5% повеќе пари за инфраструктура, земјоделски субвенции, образование, но и обврска за фискална консолидација. Министерката за финансии во експозето пред пратениците вели ребаланс се прави за државната каса да се ревидира согласно пролонгираните последици од нафтената криза. Расходите „тежат“ 6,9 милијарди евра, а приходите 6,16 милијарди евра. Даночните приходи и акцизите ќе бидат пониски поради преземените мерки за одржување ниски цени на горивата, но ќе има повеќе пари од донации, административни такси, концесии. Димитриеска Кочоска вели дефицитот за првпат расте за капитални проекти кои носат развој, а не непродуктивни трошоци.

Фокус на капиталните инвестиции или лошо планирање? Пратениците од власта и опозицијата се судрија околу ребалансот на буџетот. Додека оние од ВМРО-ДПМНЕ велат дека конечно парите се трошат за значајни проекти од интерес за граѓаните, оние од СДСМ сметаат дека тие се стратешки погрешно испланирани, а инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните.

Димитриеска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. УЈП регистрирала рекордна наплата на данок на добивка во април, а царината на давачките во јуни. Критичната ставка стоки и услуги се намалува за 13,6 милиони евра, а министерката тврди дека со домаќинско работење јавниот долг ќе се сведе на ниво под 60% од БДП. За ребалансот на буџетот се поднесени 224 амандмани. Најмногу 90 имаат пратениците на ДУИ, а 78 СДСМ. Документот би требало да биде усвоенн до крај на месецов.