Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Првпат објавен видео запис за историската посета на митрополит Петар на Мала Преспа во 1991 година

Весникот „Македониум”, за првпат објави видео запис од посетата на митрополит Петар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Весникот „Македониум”, за првпат објави видео запис од посетата на митрополит Петар на Мала Преспа во 1991 година, веднаш по падот на комунистичкиот режим, во чиј период религијата беше забранета.

  • Постојат настани кои не се само дел од историјата, туку претставуваат сведоштво за непокорниот дух, верата и истрајноста на еден народ. Денеска првпат, објавуваме драгоцена архивска снимка од историската посета на Преспанско пелагонискиот митрополит г. Петар на Мала Преспа, непосредно по падот на комунистичкиот режим во Албанија, за Велигден на 5 мај 1991 година – стои во написот на весникот.

Според весникот, оваа единствена снимка ја направил Гоце Петровски, кој бил дел од овој историски настан и успеал да овековечи моменти од повторното духовно будење на Македонците во Мала Преспа.

На снимката се гледа како Преспанскиот митрополит г. Петар ги поздравува Македонците во Пустец и служи света велигденска литургија во објектот кој некогаш бил православна црква, а за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа бил претворен во културен дом.

Реклама

Се додава дека тоа беше симболичен миг во кој верата повторно се врати таму каде што со децении беше насилно замолчена.

  • Со објавувањето на оваа снимка, весникот „Македониум“ придонесува за зачувување на историската меморија и за пренесување на вистината до идните генерации, за никогаш да не се заборават годините на прогон, но и радоста од повторно стекнатата слобода, се нагласува во написот на „Македониум”.