Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, во посета на Дебар

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска престојуваше во Дебар, каде заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска престојуваше во Дебар, каде заедно со градоначалникот Фисник Меља, одблиску се запознаа со градежните работи во изградбата на булеварот во населбата „Венец 2“.

Градоначалникот Меља изрази задоволство од текот на работите и убедување дека работите ќе завршат во предвидениот рок, за што се ангажирани две компании кои работат паралелено.

– Проектот е еден од најголемите во општината во вредност од околу 530 илјади евра, патот е двосмерен, во должина од 680 метри, широчина од 28 метри, ќе има велосипедска патека, тротоари, зеленило. Ќе биде изградена фекална кализација. Ова е многу значаен зафат во интерес на жителите и развојот на овој дел на градот, рече Меља.

Реклама

Тој му се заблагодари на Сали и на Владата за поддршка што ја даваат за Дебар и реализиацијата на значајни проекти, посебно овој, кој го финанисира Министерството за транспорт и врски со кофинансирање од општината.

– Со инфраструктурнте проекети кои се во тек во Дебар очекуваме да бидат мотив повеќе за дополнителни проекти, како и за поддршка на нови бизниси и на дебарчани да им се даде можност да се вратат во родниот крај, ако се има во преевид дека Дебар е со најголема дијаспора. Денеска можам со задоволство да лажам дека е потпишан договор за изградба на делницата Скопје-Блаце, најавуван две децении од претходните влади, а оваа влада тоа ќе го реализира, зашто работите ќе почнат за најмалку еден месец, рече меѓу другото Сали.

За мене како прв заменик-претседател на влада, посочи тој, е посебно задоволство што заедно со локалните и централната власт работиме за доброто на граѓани, и дека заедничките напори и работа даваат резултати за сите граѓани и оти ветувањата ги реализираме со конкретни проекти.

Претходно, во градоначалничкиот кабинет Меља и Сали разговарале и за реализација на други проекти, како и за други прашања од интерес на жителите на општината.