Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Почнува 27. издание на Регионалниот летен универзитет во Струга

Во Струга од денеска до 3 јули ќе се одржи 27. издание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Струга од денеска до 3 јули ќе се одржи 27. издание на Регионалниот летен универзитет, традиционална обука и средба на професори по француски јазик од земјите од Југоисточна Европа, во организација на Францускиот институт во Скопје.

На универзитетот ќе учествуваат професори од Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Словенија, Турција, Романија и Унгарија.

Целта на обуката е промоција на францускиот јазик и зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите-учеснички, како и поттикнување на професионална соработка и размена на искуства меѓу професорите по француски јазик и наставниците кои предаваат нејазични предмети на француски јазик.

Реклама

Програмата е организирана во пет тематски модули, кои ќе ги водат француски обучувачи.

Настанот се реализира во партнерство со повеќе институции, меѓу кои Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Меѓународната организација на Франкофонијата, КРЕФЕКО, Здружението на професори по француски јазик (ЗПФРМ / АРФРМ), Амбасадата на Франција на Косово, Амбасадата на Франција во Албанија, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Францускиот институт во Србија, Францускиот институт во Босна и Херцеговина, Францускиот институт во Црна Гора, Фондацијата Бел Идеал, издавачките куќи Ашет и КЛЕ.