Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Почна реконструкцијата на спортското игралиште во дебарското село Могорче

Продолжувајќи со реализацијата на капиталните проекти насочени кон подобрување на јавната инфраструктура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжувајќи со реализацијата на капиталните проекти насочени кон подобрување на јавната инфраструктура и условите за живот на граѓаните, Општина Дебар денеска  започна со  реконструкција на повеќенаменското спортско игралиште во подрачното училиште во село Могорче, кое функционира во склоп на деветолетката „Ристе Ристевски” село Долно Косоврасти. 
 
-Со овој проект, спортското игралиште ќе добие современ и функционален изглед, овозможувајќи поквалитетни услови за одржување на спортски, рекреативни и училишни активности. Од инвестицијата директна корист ќе имаат учениците, младите и жителите на селото- изјави градоначалникот Фисник Меља, кој присуствуваше на почетокот на работите.

Вложувањето е дел од континуираната политика за развој на образованието, спортот и локалните заедници, со цел секое населено место да добие современа инфраструктура и подобри услови за секојдневниот живот. 
 
Проектот целосно се финансира од буџетот на Општина Дебар, што, според локалната самоуправа, претставува уште една потврда за определбата средствата да се насочуваат кон проекти од јавен интерес и долгорочен развој.

Со реализацијата на оваа инвестиција, се приклучува на низата населени места во кои се реализираат значајни инфраструктурни зафати, додека од локалната власт најавуваат дека инвестицискиот циклус ќе продолжи и во наредниот период со нови проекти во сите делови на општината.

Реклама

Могорче е најголемо село во оваа општина, со околу две илјади жители, каде освен подрачното основно училиште, функционираат и истурени паралелки на дебарската гимназија.