Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Потрага по корените во фокусот на филмското остварување кое ќе го отвори петтиот ден на фестивалот “Преку езерото”

Филмот “Мртви корења”, инспириран од приказната за Силјан Штркот, пренесена од македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филмот “Мртви корења”, инспириран од приказната за Силјан Штркот, пренесена од македонскиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков, го отвора петтиот ден од фестивалот “Преку езерото”, кој продолжува вечерва од 20.30 часот во Амфитеатарот во Дојран.

“Мртви корења” во режија на Меглен Анжик Трпков, ќе се прикаже во краткометражната селекција, додека во официјалната селекција публиката ќе може да го погледне белгискиот “Одразот во мртвиот дијамант” во режија на Елен Кате и Бруно Форцани. По долгометражниот филм, следуваат уште два краткометражни македонски филмови, “Бадникови светилки” на Ѓорѓи Лазов и “За Ева” на Бојан Василев.

Златко Гелески, селекторот на филмската програма на фестивалот, на денешната прес конференција ја претстави екипата на “Мртви корења”, филм кој ја разработува темата за потрагата по корените, во кој играат годинешниот лауреат на фестивалот, Тони Наумовски, во главната машка улога е Христијан Крстевски и Талија Ѓорѓиева во носечката женска улога. 

Реклама

Инспирација за филмот, како што кажа режисерот Трпков, била приказната за Силјан Штркот, која тој ја поврзал со својот живот бидејќи е роден во Македонија, а сега веќе 15 години живее во Холандија. 

– Јас се идентификував многу со таа приказна, бидејќи сум пораснат помеѓу два света – еден Холандија, а другиот Македонија. Тоа што мене многу ми фали во македонската кинематографија е тој еден магичен свет, што не е само за детски филмови. Мислам дека нашиот филм што го работевме е многу богат во филмскиот јазик. Урбаниот дел од филмот е сниман во Холандија, а руралниот во Македонија, бидејќи јас го живеам тој живот во Холандија, а цело време ме следеше желбата за враќање дома, истакна Трпков на прес – конференцијата.

Во разговорот, филмскиот селектор Гелески заедно со екипата на филмот се осврна и на мотивите за снимање, начинот на соработката со актерите, како и изборот на кадрите за снимање.

На вчерашната програма од краткометражната селекција публиката имаше можност да го види македонскиот краток филм „ТЛСМ“ во режија на Филип Момировски, кој предизвика бурни реакции и аплаузи, а потоа и да проследи разговор со дел од екипата на филмот. Според режисерот Момировски, низ еден специфичен филмски начин всушност се обработува темата за врсничкото насилство, како многу актуелна тема, за која треба да се зборува. Инспирација за филмот бил настанот во училиштето „Рибникар“ во Србија. За оваа тема која и во нашето општество станува се почеста појава, Момировски истакна дека одговорноста ја имаат родителите, училиштето и целата држава.

Организаторите на фестивалот, и за вечерва најавија разговори со гости кои се дел од филмските екипи, како и со директно учество на публиката која ќе ги проследи вечерашните проекции.