Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Пивофест во Прилеп помина во весела атмосфера, безбедно со двојно повеќе посетители и гости

Дваесет и третото издание на Пивофест во Прилеп заврши успешно, без ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и третото издание на Пивофест во Прилеп заврши успешно, без ниту еден регистриран инцидент и со рекордна посетеност, оцени прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Тој истакна дека сите три фестивалски дена поминале во позитивна и весела атмосфера, а според првичните проценки, фестивалот привлекол двојно повеќе посетители во однос на претходните години.

-Ги постигнавме сите цели за изведувањето на Пивофест. За мене најбитно е што имаше позитивна атмосфера, да ги направиме луѓето и сите гости посреќни, да поминат убави мигови, да уживаат во атмосферата и забавата. Јавните претпријатија беа на висината на задачата. По секоја фестивалска вечер, отпадот беше одложен, просторот исчистен и она што е клучно, според полицискиот билтен, ова беше најбезбедниот гестивал. Иако имаше многу луѓе во трите фестивалски дена, во полициакиот билтен не е запишан ниту еден настан на прекршување на јавниот ред и мир, ниту прекршување на сообраќајните правила и прописи- рече Проданоски. 

Реклама

Илија Волчески од организациониот одбор на Фестивалот и еден од водителите смета дека и изведувачите, музички ѕвезди од Македонија и Балканот беа задоволни од позитивната фестивалска атмосфера. 

Поминавме три дена исполнети со многу позитивна енергија, со многу забава. Сите уметници- музачари, од кои дел од нив беа и првпат настапија на Пивофест, беа задоволни. Сместувачките капацитети беа исполнети, и според првични пресметки на угостителите двојно беа зголемени потрошувачките на познатата прилепска скара и на пивото. Мило ми е што на фестивалот се создадоа позитивна енергија и атмосфера и сме задоволни како помина Фестивалот- рече Волчески. 

На годинашниот Пивофест присуствуваа посетители од повеќе градови во земјата, македонски иселеници и гости од странство, а организаторите оценуваат дека посетеноста била речиси двојно поголема во споредба со претходните изданија на фестивалот.