Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Петрушевски: Синоним за Филипче е хаос во здравството, 14 живи изгорени сограѓани во модуларната болница, погромот во време на ковид кризата, нема кредибилитет да говори за здравствениот систем

Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем. Кога Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем.

Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал.

Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им текнува на погромот во ковид кризата, кога Македонија беше меѓу првите со најголема смртност по глава на жител.

Реклама

Кога Филипче зборува за здравство, не потсетува и на провизиите кои сакаше да ги заработи преку Стабри вакцините, преку фирма која се занимаваше со продажба на тропски овошја.

Кога Филипче зборува за здравство, тој говори за аферата “Крвави тендери” кога со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра.

Затоа Филипче е последниот кој треба да говори за начинот на тоа како треба да се води здравствениот систем.