Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

„Перките од ајкула“ всушност се над 1.000 артикли – нов бран поскапувања

Си ги доведоа платите до 2.000 – 3.000 евра, па сега удрија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Си ги доведоа платите до 2.000 – 3.000 евра, па сега удрија по џебот на граѓаните за да си го овозможат сопствениот луксуз. Од денеска нов ценовен шок за луѓето во Македонија. Поскапува речиси целата храна зашто ДДВ-то се зголеми од 5% на 10%. Владата досега ја криеше листата производи и тврдеше дека поголем данок ќе има само за луксузот како перки од ајкула, тартуфи или сирење со мувла. Ама од денеска гледаме дека ударот од власта најмногу не боли нас граѓаните, оти според луѓето на Илинденска, во луксуз очигледно спаѓаат брашното, сладоледот, џигерот, повеќето видови риба, сирењето и урдата, па дури и растителните сирења и намази.

Новите, повисоки цени на храната од денска им посакаа „убав ден“ на граѓаните. По владината одлука трговците реагираа експресно, па така речиси на сите прехранбени производи во маркетите има залепено нови, поскапи цени. Кај некои драстично, кај некои минимално, согласно одлуката за зголемување на данокот на додадена вредност на 10%. Граѓаните се безмалку шокирани, но и револтирани што преку ноќ поскапе се.

Дополнително што револтира е фактот што власта го криеше списокот за производите кои поскапеа. Тој е огромен и содржи безмалку се. Од брашното, џигерот, сладоледот, замрзната риба, млечните намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдамер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење.

Реклама

Нови повисоки цени имаат и чипсот, јогуртот, сирењето и кашкавалот. Алфа направи обиколка во неколку поголеми маркети, па така листата на производи кои поскапуваат како да нема крај. Поскапо ќе се продаваат и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, апетисаните, конзервирана храна, тортиљи, нудли. Поскапува и храната за децата, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, бонбоните.

По нови повисоки цени ќе се продваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Со зголемување на ДДВ-то за храната власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра за пополнување на буџетската дупка.

Борис Грујоски